Да се извините кога не сте во право или кога ќе заборавите нечиј роденден се нормални работи, но многумина од нас се извинуваат премногу често и дефинитивно повеќе отколку што е потребно. Ова се некои животни ситуации во кои никогаш не треба да се извинувате.
1.
За степенот на образование. Тоа е само ваш избор и ваша работа.
2.
За своите политички и верски ставови. Секој од нас има право на свое мислење и вера.
3.
Кога ќе завршите добра работа или ќе освоите прво место на натпревар. Со други зборови, никогаш не се извинувајте поради сопствениот успех.
4.
За туѓи постапки. Без разлика дали се работи за член на семејство, пријател или колега, секој е одговорен за своето однесување.
5.
За својот изглед. Истото се однесува и на начинот на облекување, начинот на шминкање или пак омилената боја на коса. Ваш изглед, ваша работа.
6.
Кога сакате малку да бидете сами. Разбирливо и потребно, но никако себично.
7.
Кога не се согласувате со нечие мислење. Својот став и начинот на размислување треба да се кажат на пристоен и ненавредлив начин.
8.
За своите приоритети. Ако нешто ви е битно, тоа значи дека навистина е приоритет. Без оглед што на другите не им е и без оглед на тоа што не го разбираат вашиот избор.
9.
Ако не знаете одговор. Човекот учи додека е жив и никој не е толку паметен за да ги знае сите одговори на сите прашања. Да се признае дека не се знае е силно и храбро.
10.
Кога плачете или кога ви се плаче. Сите го правиме тоа некогаш.