Крадец го ограбил домот на пензиониран учител во Тамил Наду, Индија, но оставил извинување со ветување дека ќе ги врати украдените предмети за еден месец.
Инцидентот се случил кога учителот Селвин и неговата сопруга отпатувале за да се сретнат со својот син на 17 јуни.
Тие ангажирале домашна помошничка за чистење на домот за време на нивното отсуство. Но, кога помошничката го посетила домот на 26 јуни, била шокирана кога ја видела влезната врата отворена.
Таа веднаш го известила Селвин. Кога тој стигнал дома, видел дека му бил украден златниот и сребрениот накит.
Кога полицијата дошла и го пребарала домот на Селвин, пронашла писмо со извинување оставено од крадецот, во кое се извинува и ветува дека ќе ги врати украдените предмет за еден месец.
- Простете ми. Ќе ги вратам предметите за еден месец. Ова го правам затоа што некој во мојот дом не е добро - пишувало во писмото.
Сличен инцидент се случи минатата година во Керала, Индија, кога крадецот кој украл златен ѓердан од тригодишно дете, ги вратил парите заработени од неговата продажба, заедно со писмо со извинување.
Извор:
India Тoday
Фото: Freepik