Јапонските официјални лица се извинија на прес-конференција на телевизија откако во јавноста почна да кружи информацијата за државен службеник кој отишол на пауза за ручек три минути порано.
На 64-годишен работник во водовод во градот Кобе му била дадена само половина дневница бидејќи порано го напуштил работното место. Тој го направил тоа 26 пати во период од 7 месеци.
Официјалните претставници на градот го опишаа ова однесување како несоодветно и изразија длабоко жалење пред камерите на прес-конференцијата.
Наводно работникот изјавил дека повремено излегувал од работа за да си купи ручек. Тој бил откриен од еден колега, кој забележал дека ја напушта канцеларијата порано.
- Паузата за ручек е од пладне до 13 часот. Тој го напушти своето биро пред да почне паузата - изјави портпаролот на компанијата.
Една петтина од работната сила во Јапонија е изложена на ризик од смрт поради премногу работење, познато како кароши, бидејќи
Јапонците работат повеќе од 80 часа прекувремено, според истражувањата на владата.
Неколку алармантни случаи, меѓу кои и смртта на вработена која работела повеќе од 100 часа прекувремено, поттикнаа драматична промена во јапонската култура за работа.