Да се биде дете во Сан Франциско е среќа, а доколку се има татко кој ќе ви прави уметнички дела од ручекот треба да се биде особено благодарен. Бјо Кофрон е татко кој на своите две деца секој ден им подготвува неверојатни ручеци. Сите пакети се инспирирани од она што децата го гледаат и читаат. Оброците одземаат време, но трудот се исплати.
- На детето мора да му подготвите ручек во секој случај, па зошто да не потрошите 20-на минути повеќе и да му подготвите нешто специјално. - вели таткото.