X
 22.04.2016 Живот

Колку би ве чинеле патарините за патување до најблиските дестинации?

За патување надвор од Македонија е потребна меѓународна возачка дозвола речиси во сите земји. Освен тоа, потребни се и зелен картон и дозвола за користење на туѓо возило, доколку возилото не е во лична сопственост. Во поглед на законите за возење во најблиските земји околу нас, барањата може да се разликуваат од оние во земјава.


Откако ќе се реши и овој проблем, следниот е подготовка на финансиите. Колку би ве чинеле патарините за патување со автомобил во најблиските дестинации до нас?

Во поглед на патарините, најмалку би платиле доколку би патувале во Црна Гора, односно не би платиле ништо. Од друга страна, доколку размислувате за патување во Италија со автомобил, подгответе 74, односно 93 евра за патарини до Милано или Рим, соодветно.

Според официјалните податоци од АМСМ, во продолжение пронајдете ги вкупните суми за патарини потребни за најблиските дестинации. Сумите се во евра и се приближни, со оглед на тоа што можно е да се промениле во некои земји во меѓувреме.

Албанија

Скопје-Саранда - 11,3 €

Скопје-Тирана - 1,6€


Бугарија


Скопје-Софија - 9,10 €


Грција


Скопје-Атина - 29,60 €

Скопје-Игуменица - 11,3 € (преку Гевгелија), 6,7 € (преку Битола).


Италија


Скопје-Милано - 74 €

Скопје-Рим - 93 €


Словенија


Скопје-Љубљана - 44,30 €

Скопје-Марибор - 44,12 €


Србија


Скопје-Нови Сад - 10,6 €

Скопје-Белград - 9,1 €

Скопје-Ниш - 3,10 €

Скопје-Суботица - 13,6€


Турција


Скопје-Истанбул - 11,73 €


Хрватска


Скопје-Загреб - 28,30 €

Скопје-Сплит - 6,34 €


Црна Гора


Скопје-Будва - нема

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот