Секој технолошки уред има преседан. Некои имаат различни типови на преседан. Сигурно сте користеле читач „еКниги“, на пример, но сте помислиле ли како селектирале материјал за читање пред 2 или 3 века? Да сте биле Наполеон, кој ги сакал книгите, ќе сте чувале лична библиотека до себе.
фото извор: Cork Counting library
Во многу од неговите биографии се споменува дека тој со себе носел дел од омилените книги каде и да одел, но не е познато дека направил планови за конструкција на подвижни библиотеки кои можат да бидат дел од багажот. Синот на еден од библиотекарите на Наполеон велел дека тој носел кутии полни со книги со себе.
За да ја користи својата „патувачка библиотека“, Наполеон бил консултиран од неговите вработени, па креирале каталог за секоја негова кутија и редослед на книгите, па немало непотребно трошење на време кога требало да ја избере книгата што ја сака. Ова функционирало одредено време, но Наполеон потоа открил дека многу од книгите со кои сакал да се консултира не се вклучени во колекцијата, а причината се разбира, била недоволен простор. Па така, на своите библиотекари им издал наредба да креираат патувачка библиотека која ќе збира илјада книги и ќе изгледа убаво. Сакал делата да ги користи за специјални пригоди, па за подобро користење на просторот, барал книгите да се печатат без маргини. Да содржат од 500 до 600 страници и да имаат флексибилни корици. Да има 40 религиски книги, 40 книги-драма, 40 епски книги, 60 книги со поезија, 100 новели и 60 историски
книги.
Императорот имал голема потреба од книгите и без сомнение пронашол начин да креира „патувачка
библиотека“, компактна и соодветна.