Не е мала работа цел свет да го зборува вашиот јазик, независно дали како мајчин или втор јазик. Тоа ви дава слобода да патувате насекаде и да не се мачите премногу околу разбирањето со други народи. Истовремено, тоа во голема мера ви одмага да научите некој друг странски јазик. Токму овој проблем го имаат Британците.
Најголемиот меѓународен онлајн-пребарувач на хостели спровел истражување кое покажало дека само 51 отсто од Британците имаат основни познавања од друг јазик. Згора на тоа, 62 отсто од возрасните Британци би сакале да знаат странски јазици за да можат да ја разберат културата на одреден град, да разговараат со странци и што помалку да користат туристички водич. Интересно е дека 10 отсто од испитаниците изјавиле дека од тие причини никогаш не патувале во странство.
Тоа значи дека еден од пет
Британци не пропатувал во други држави поради незнаење уште еден јазик, а еден мал број од нив имале тешкотии при нарачување храна во странство. Еден од десетмина влегол во погрешен воз, авион или друг вид превоз.
Кога странскиот јазик не би бил проблем, речиси 12 отсто од Британците со задоволство би патувале во Јапонија.
Кога сме веќе кај Јапонија, интересен е податокот дека е забележан пораст на британски туристи за дури 7,5 отсто во периодот од јануари до април. Британците, исто така, би сакале да ги обиколат Кина, Италија и Русија ако имаат можност барем малку да го научат јазикот на секоја од државите пред да тргнат на патување.