X
 25.04.2016 Култура

Зошто толку многу познати лица починаа токму оваа година?

Од оваа година поминаа само четири месеци, а веќе е мрачна во поглед на смртните случаи меѓу ѕвездите. Се чини дека стана секојдневно да чуеме за смрт на позната личност - од Дејвид Боуви во втората недела на јануари до актерот Алан Рикман една недела подоцна, па комедијантката Викторија Вуд и оваа недела музичарот Принц. Дали овој бран на смртни случаи е нормален?


Одговорот е да, според Ник Серпел од Би-Би-Си, кој е уредник на некролошкиот дел од медиумот. Тој вели дека бројот на смртни случаи на познати лица оваа година бил „феноменален“.

Ник подготвува некролози за телевизија, радио и интернет-страницата, а бројот на негови некролози кои биле искористени во последните години се зголемил. Од 2012, порастот е речиси петкратен. За ова има и објаснување, вели Ник.


- Луѓето кои започнале да стануваат познати во 1960-те сега се веќе во своите 70-ти и започнуваат да умираат. Исто така, има повеќе познати луѓе од порано. Во генерацијата на татко ми или дедо ми, единствените познати луѓе биле од киното - немало телевизија - вели тој.

Според „Тајм“, на јавноста ѝ изгледа дека повеќе познати личности умираат поради неколку причини: степенот на слава, случајност и повеќе различни медиуми, кои го олеснуваат начинот за споделување вести.

Двата медиуми наведуваат и друга причина - генерацијата беби бум, односно големо зголемување на наталитетот - на која припаѓаат луѓето кои умираат денес.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура