X
 16.03.2024 Живот

Стив Џобс: „Не дозволувај бучавата од туѓите мисли да го замолчи твојот внатрешен глас“

Животот е прекрасно патување, но не секогаш сме подготвени да го искористиме денот и понекогаш ни е потребен потсетник дека животот е одличен подарок.

Цитатите во продолжение ќе ве мотивираат и инспирираат:

- Среќата и несреќата се само прашање на нечиј став. За да бидете среќни, треба да сфатите дека животот е патување, а не цел - Никола Тесла.

- Младоста е среќен период во кој човекот почнува да верува во себе, но не престанал да им верува на другите - Иво Андриќ.

- Детството е место каде што сѐ е магично. Бајковито. Искрено. Топло. Таму каде што времето може да однесе сѐ, но никогаш спомените - Мирјана Митровиќ.

- Сфатив дека животот може да биде многу интересен и убав ако се гледа од еден агол, а неубав ако се гледа од друг агол. Јас најдов агол од кој секогаш ми е убаво - Мија Алексиќ.

- Убавото воспитување не е во тоа да не истуриш сос на чаршафот, туку да не забележиш ако тоа го направи некој друг - Антон Павловиќ Чехов.

- Она што го имаш, може да го имаат многумина, но она што си, не може никој да биде - Ентони Хопкинс.

- Оние што ја сакаат самотијата се оние што скапо платиле нечие друштво - Владета Јеротиќ.

- Ако сакаш некого, кажи му, бидејќи срцето може да биде скршено и со неизговорените зборови - Жарко Лаушевиќ.

- Си доаѓате дома, си варите кафе, седнувате на фотелјата, а околу вас тишина. И секој сам си избира што е тоа за него, дали самотија или слобода - Неда Арнериќ.

- Не дозволувај бучавата од туѓите мисли да го замолчи твојот внатрешен глас - Стив Џобс.

- Некои луѓе зборуваат со вас во нивното слободно време, а некои ослободуваат време за да разговараат со вас. Научете да ги разликувате - Џет Ли.

- Вистинските пријатели се како ѕвезди. Сами ќе ги препознаете кога околу вас ќе биде темно - Боб Марли.

Извор: Instagram
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот