Не сака секој постојано да биде изложен под будното око на јавноста. Некои познати личности одлучиле да се тргнат настрана од медиумите, публиката и славата за да можат да живеат „нормален“ живот и да работат „обични“ работи.
Bright Side направи листа од 10 познати личности што се одрекоа од славата за да живеат сосем обичен живот:
1. Џина Дејвис: општествен активист
Џина одлучила да го напушти актерството за да се вклучи во акцијата за зголемување на присуството на жените во медиумите. Актерката е основач на Geena Davis Institute on Gender in Media. Иако нејзиниот главен фокус е активизмот, таа повторно се врати на малите екрани во сериите Gray's Anatomy (2014) и The Exorcist (2016).
2. Кевин Џонас: претприемач
По една година откако се распадна американскиот „бој-бенд“ The Jonas Brothers, Кевин одлучил да се обиде сам да ја гради сопствената кариера. Тој станал еден од директорите на маркетинг-компанија и воспоставил партнерство со популарна страница во форма на апликација за споделување видеа, па така денес Кевин работи во светот на стартап-компаниите.
3. Ники Блонски: козметичарка
Откако се појави во култниот филм Hairspray и во серијата Huge, Ники го напуштила Холивуд и работела во една продавница за чевли во Њујорк. Подоцна одлучила да ја продолжи кариерата како козметичарка и се вработила во еден салон за убавина. Се врати накратко на малите екрани во серијата Smash (2013) и се појави во филмот Dog Years (2017).
4. Џин Хекман: писател
Џин Хекман имаше многу успешна кариера како актер и освои многу филмски награди. Во јули 2004 година Хекман објави дека заминува во пензија. Но тоа не го спречи поранешниот актер да се оствари во друго поле. Тој досега има напишано три историски новели со археологот Даниел Лениан.
5. Ванила Ајс: соработник за реновирање станови
Ванила Ајс во 1990 година беше на врвот на музичките листи со својот сингл Ice Ice Baby. Но потоа, поради лични проблеми, почнал да се занимава со средување станови. Бил главна ѕвезда во своето шоу The Vanilla Ice Project каде што реновирал домови. Исто така, објавил водич за недвижности за тоа како успешно се купуваат и реновираат домови.
6. Хајден Кристенсен: фармер
По филмот Star Wars овој актер имал многу можности, но ги одбил сите. Купил земја во Онтарио, Канада, и почнал да работи на својата фарма. Подоцна отворил и сопствен трговски синџир за облека, но во 2017 година прифатил да игра во филмот First Kill. Постои можност да се врати во забавната индустрија.
7. Крис Овен: фотограф
Крис Овен има играно во многу филмови во доцните деведесетти и на почетокот на 2000 година. Неговата највпечатлива улога беше Шерминатор во серијалот American pie. Но, актерот набрзо се нашол надвор од актерството. Работел како келнер во ресторан во 2013 година, а моментално работи како фотограф.
8. Дилан Спраус: шанкер
Спраус стана познат заедно со својот брат-близнак Кол. Се појавија во филмовите Big Daddy и во ТВ-шоуто The Suite Life of Zack&Cody. Сега Дилан заедно со своите партнери е сопственик на бар во Вилијамсбург, Бруклин, каде што работи како шанкер.
9. Фреди Принц Џуниор: готвач
Фреди беше миленик на женската публика поради улогите во филмовите She's All That и I know what you did last summer. Во 2002 година се ожени со Сара Мишел Гелар. Променил многу професии и конечно одлучил да стане готвач откако ја напиша својата прва книга на рецепти Back to the Kitchen во 2016 година.
10. Џек Глисон: студент
Откако неговиот лик во серијата Game of Thrones беше убиен, Глисон објави дека се повлекува од актерството. Вели дека го работел тоа од чиста забава и дека уживал во тоа. „Кога живеете од актерство, тоа целосно го менува односот кон него“. Се вратил на студиите и набрзо го завршил факултетот.