X
 27.04.2016 Живот

Работи кои се малку познати за катастрофата во Чернобил

На 26 април 1986 година се случи најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

 

1


Пред 30 години, на 26 април 1986 година, неколку експлозии го уништија чернобилскиот нуклеарен реактор број 4 во близина на украинскиот град Припјат, кој во тоа време бил дел од Советскиот Сојуз.

Пожарникарите и вработените во нуклеарната централа се бореле со огнот кој горел 10 дена, а облакот радијација зафатил голем дел од Европа. Во моментите на експлозијата починаа работници на нуклеарната електрана, а во идните недели, 28 луѓе почиинаа како последица од радијацијата.

Од Припјат биле евакуирани 49.000 жители, на кои им било кажано дека ќе се вратат во своите домови за два до три дена. Им било советувано да ги земат основните работи: документи, храна и облека.

После несреќата никој не се вратил, а Припјат станал град на духови. Напуштената област во близина на нуклеарната електрана била наречена чернобилска забранета зона. Катастрофата се смета за една од најголемите во историјата на човештвото.

1. Светот дознал за катастрофата благодарение на Шведска

Украинските власти се обидоа да ја заташкаат катастрофата, а веста за експлзијата на нуклеарниот реактор била откриена два дена подоцна. Имено, шведската нуклеарна електрана „Forsmark“ на 26 април 1986 година забележала голема количина на радијација во околината, а преку анализа откри радиоактивен облак од Чернобил.

2. Луѓето биле закопани во кочвези од олово

Радијацијата после експлозијата била толку силна што луѓето кои починале поради нејзините ефекти биле погребани во ковчези направени од олово.

3. Со вотка против радијацијата

Докторите на луѓето им препорачувале пиење вотка за намалување на шансите да заболат од рак на тироидната жлезда и заштита од радијацијата, а идејата била прифатена и од високо образованите луѓе.

4. Некои останале во своите домови

 

1


Околу 1.200 луѓе, повеќето постари жени, одлучиле да останат во своите домови после катастрофата и евакуацијата. Нивната причина била љубовта кон своите домови. На некои жени им било дозволено да останат во таа област бидејќи не биле во плодна состојба, а некои од нив и ден денес живеат таму.

5. Нуклеарната централа била активна до 2000 година


Чернобил продолжил да произведува струја идните 14 години после несреќата се`до 2000 година кога меѓународните власти наредиле целосно гаснење на нуклеарната електрана.

6. Се`уште постои радиоактивен материјал


Во реакторот број 4 се`уште се наоѓаат 200 тони радиоактивен материјал. Со финансиски средства од 40 светски земји, 1400 работници градат подвижна конструкција а да се покрие реакторот и тоа ќе биде најголемата подвижна структура во светот.

 

2


7. Пет години подоцна се случи уште една експлозија


На 11 октомври 1991 година дојде до експлозија на чернобилскиот реактор број 2. Експлозијата не била доволно силна за да дојде до радијација.

8. Бројот на луѓе кои умреле/умираат од радијација е голем

Извештајот на ОН за Чернобил во 2005 година заклучи дека помалку од 50 лица починале поради радијацијата, а повеќето работници биле убиени кратко време после експлозијата. Сепак, се проценува дека 9.000 луѓе би можеле да умрат како последица од радијацијата, а од „Greenpeace“ тврдат дека оваа бројка може да се зголеми 93.000 луѓе.

 

3


9. Денес постојат туристички разгледи на оваа област

Денес Припјат е една од најпопуларните туристички дестинации. Туристите од целиот свет доаѓаат во Чернобил за да истражуваат, а во текот на разгледувањето треба да се носи Геигеров бројач кој одредува и го мери нивото на радијација на одредено подрачје.

10. Се создаде чудна Црвена шума

Шумата која се наоѓа во близина на електраната Чернобил денес се нарекува Црвена шума, а своето име го доби откако лисјата од дрвјата добиле портокалево-кафева боја поради високото ниво на радијација после несреќата.

11. Денес областа изобилува со животни

 

4


Научниците ја истражувале флората и фауната на Чернобил и дошле до заклучок дека бројот на волци, елени, срни и диви свињи во оваа област е сличен на бројот на животни во четири белоруски паркови, а нивната бројка и понатаму се зголемува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот