X
 28.03.2020 Здравје

Американски лекар смета дека САД се справуваат со коронавирусот како што се справуваше СССР со „Чернобил“

Американскиот лекар Џошуа Лрнер од Масачусетс смета дека одговорот на тамошната влада и здравството на пандемијата на коронавирусот е толку несоодветен и нецелосен, што тој сето тоа го споредува со нуклеарната катастрофа во Чернобил, Украина.

Во двете кризи, според лекарот, луѓето во првите борбени редови работеле неуморно за да ги спасат животите на другите и покрај тоа што се опремени со импровизирана, недоволно заштитна опрема. На времето тоа биле остатоци од метал кои требало да заштитат од смртоносната радијација. Сега се маски направени дома и одново искористени болнички наметки кои се користат додека се лекуваат пациенти заразени со смртоносен вирус.

- Ве молам немојте да ми кажете дека во најбогатата земја на светот, во 21 век треба да работам во фиктивна зона на катастрофа од советската ера и да правам маска за лице од парче облека, додека други во мојата земја складираат намирници за лична употреба и профитерство, а таканаречените лидери седат на состаноци и си разговараат - пишува Лрнер.

Срамно е, според лекарот, што големите американски корпорации не се мобилизирале против пандемијата. Тој пишува дека компании како 3М веќе требало да запрат сѐ и на големо да произведуваат медицинска опрема како маски и наметки. „Амазон“, според него, би требало да ја позајми огромната логистичка мрежа за брзо да дистрибуира тестови и медицинска опрема во болниците низ земјата.

- Не сакам зборување, не сакам ветувања, сакам акција. Сакам кутии со N95 маски да се трупаат во болниците, донирани од луѓето што ги трупаа или од резерви чувани за помалку клучна употреба - пишува Лрнер.

Тој на крајот посочува дека „Нетфликс“ не е доволен додека неговата фамилија, неговите пријатели и колеги се борат.

- Ние сме во војна. Здравствените работници се вашите војници, а битката штотуку започна - посочува лекарот.

Извори: Futurism, Scientific American
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје