Глобалните напори за справување со климатските промени се далеку од патеката, велат од ОН, детално објаснувајќи го првиот пораст на емисиите на јаглероден диоксид за четири години.
Извештајот за јазот во емисиите покажува дека економскиот раст е одговорен за порастот во 2017 година, додека националните напори за намалување на јаглеродот се намалени.
За да се исполнат целите на Парискиот климатски договор, истражувањето вели дека е од клучно значење глобалните емисии да го достигнат врвот до 2020 година. Но, анализата покажува дека тоа нема да се случи до 2030 година.
Извештајот доаѓа неколку дена пред големата климатска конференција на ОН, која почнува од 2 и ќе трае до 14 декември во Полска.
Фото: Getty Images
Што е јаз на емисиите?
Во последниве девет години ОН-животна средина прави процена на најновите научни студии за тековните и идните емисии на стакленички гасови што ја нагласува разликата помеѓу нивото на емисиите на стакленички гасови што светот може да ги одржи за да ги задржи температурите во безбедни граници, со нивоата што веројатно се базирани на ветувањата и акциите преземени од земјите.
Овогодишниот извештај го забележува најголемиот јаз меѓу тоа каде сме и каде треба да бидеме.
Зошто емисиите повторно се зголемуваат?
Помеѓу 2014 и 2016 година глобалните емисии на СО2 од индустријата и производството на енергија во суштина беа стабилни додека глобалната економија растеше скромно - но во 2017 година овие емисии се зголемија за 1,2 отсто „турнати“ од повисокиот БДП.
Додека растот може да изгледа мал, треба да се види во контекст на напорите глобалните температури да не се зголемат повеќе од 1,5 степен.
Според ОН, за да се задржи светот под оваа цел, глобалните емисии на стакленички гасови во 2030 година ќе мора да бидат 55 отсто пониски од денес.
- Сѐ уште постои огромен јаз меѓу зборовите и делата, меѓу целите договорени од владите во светот за стабилизирање на нашата клима и мерките за постигнување на тие цели - вели д-р Гунар Лудерер од Потсдам институтот за истражување на климатските влијанија и еден од авторите на истражувањето.
Научниците велат дека за справување со јазот, нациите мора да ги подигнат нивните амбиции петпати за да ја исполнат целта од 1,5 степен. Сега светот се движи кон пораст на температурата од 3,2 степени до крајот на овој век.
Еден од клучните аспекти на истражувањето е врвот на глобалните емисии на стакленички гасови. Во извештајот се вели дека зголемувањето на емисиите во 2020 година е клучно за постигнување на температурните цели во Парискиот договор, но обемот на тековните напори е недоволен.
Истражувањето посочува дека до 2030 година околу 57 земји, што претставуваат околу 60 отсто од глобалните емисии, ќе достигнат максимум. Ни блиску до она што светот треба да биде.
Дали извештајот укажува на тоа каде грешат земјите?
На некој начин да. Истражувањето вели дека земјите како Аргентина, Австралија, Канада, ЕУ (вклучувајќи ја и Велика Британија), Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јужна Африка и САД не успеваат да ги постигнат своите национално утврдени придонеси за 2030 година.
Три земји, Бразил, Кина и Јапонија, во моментов се на добар пат, додека уште три, Индија, Русија и Турција, ќе ги стигнат своите цели. Авторите веруваат дека некои од овие достигнувања се резултат на поставувањето релативно ниски цели за нивните национални планови.
Фото: Getty Images
Дали во извештајот постојат позитивни вести?
Несомнено, да.
ОН вложуваат големи надежи во она што го нарекуваат „недржавни актери“, што значи локалните, градските и регионалните власти, бизнисите и високообразовните институции можат да имаат големо влијание врз идниот јаз. Се проценува дека повеќе од 7.000 градови од 133 земји и 6.000 компании со најмалку 36 билиони долари се заложија да преземат климатски мерки.
Но, авторите веруваат дека ова е само гребење на површината. Со над 500.000 компании што тргуваат низ светот, може да се преземат многу повеќе чекори што кумулативно ќе имаат значително влијание врз јазот.
Иднината е фискална?
Извештајот сугерира дека владините даночни планови би можеле да бидат многу важни во справувањето со емисиите. Даноците за јаглерод или системите за тргување со јаглен покриваат само 15 отсто од глобалното производство на јаглерод, што би можело да се зголеми за 20 отсто ако Кина го спроведе својот планиран пазар. Но, во извештајот се вели дека половина од емисиите од фосилни горива воопшто не се оданочуваат.
- Кога владите ги прифаќаат мерките за фискална политика за субвенционирање на алтернативи со ниска емисија и даноци на фосилните горива, тие можат да ги стимулираат правилните инвестиции во енергетскиот сектор и значително да ги намалат емисиите на јаглерод - вели главниот научник на ОН за животна средина, Јиан Лиу.
Целта на извештајот е да ги информира делегатите за клучната
климатска конференција наредната недела во Полска. Преговарачите ќе се обидат да ги завршат правилата за тоа како да се имплементира правилникот од Парискиот договор, а авторите на извештајот се надеваат дека ќе можат да ги поттикнат земјите да имаат повисоки нивоа на амбиции.