X
 30.04.2016 Наука

Научниците создадоа "атлас на мозокот"

Научниците успеале да создадат „атлас на мозокот“ кој открива како значењата на зборовите се распоредени на различни делови од органот. Ниту еден дел од мозокот не чува еден збор или концепт. Една точка во мозокот се поврзува со повеќе поврзани зборови. А, секој еден збор осветлува многу различни точки на мозокот. Заедно, тие составуваат мрежи кои ги претставуваат значењето на секој збор кој што го користиме: живот и љубов; смрт и даноци; облаци; патувања. Сите осветлуваат сопствени мрежи.


Атласот на мозокот покажува како модерната технологија може да го промени нашето знаење за работата на мозокот, а со понатамошен напредок, технологијата може да помогне и во областа на медицината.

- Можно е овој метод да се користи за дешифрирање информации за она што го слуша, чита, па дури и размислува личноста - изјавува Александар Хат, првиот автор на истражувањето.

За да го создадат атласот, научниците ја снимале активноста на мозокот на луѓето додека слушале приказни снимени на радио. Потоа, тие ги поврзали транскриптите од приказните со податоците од активноста на мозокот за да покажат како групи поврзани зборови поттикнувале нервни одговори во 50.000-80.000 точки со големина на грашок насекаде низ мозокот.

Атласот покажува како зборови и поврзани термини активираат исти региони од мозокот. На пример, еден ист регион реагира на зборови поврзани со жртва, убиство, осуда, признавање, додека друг на сопруга, сопруг, деца и родители.

Секој збор бил претставен од повеќе од еден регион бидејќи зборовите често имаат повеќе значење. Интересно било тоа што атласите на мозоците на сите учесници се слични, со што се покажува дека мозокот го организира значењето на зборовите на ист начин.

Сепак, истражувањето било спроведено само на седум луѓе, од кои сите зборувале англиски јазик како мајчин, па можно е луѓето од различни кулури да имаат различни мозочни атласи.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука