X
 19.07.2017 Наука

Љубителите на крстозбори имаат мозок што е за 10 години помлад од нивната реална возраст

Знаеме дека физичките вежби се важни за превенција на физички и ментален пад во постари години, но сега истражувачите откриваат дека е исто толку важно вашиот мозок да направи нешто тешко.

Една студија направена во Лондон анализирала податоци собрани од 17.000 луѓе на возраст од 50 и повеќе години. Се докажало дека луѓето што редовно решаваат крстозбори и загатки имале мозоци кои функционирале како 10 години помлади од нивната возраст. Тие биле тестирани за внимание, точност на краткотрајна меморија, граматичко препознавање и брзина.

„Нашата студија сугерира дека зачестеноста на загатките со зборови е поврзана со супериорна когнитивна функција на низа различни тестови, дури и по контрола на возраста, образованието и родот“, изјавила за „Глобал њуз“, Кеит Веснес, главен автор на студијата и професор по когнитивна невронаука на Универзитетот „Ексетер“.

„Едно веројатно објаснување е дека кога се прават такви задачи, мозокот има зголемен проток на крв во одредени регии, што може да има позитивни ефекти врз неговата структура и интегритет. Концептот на ’искористи го или фрли го‘ може да биде применлив овде“.

Иако студијата не евалуирала разлики за тоа дали учесниците цел живот решавале крстозбори или започнале во подоцнежни години, се дошло до заклучок дека оние што почесто решавале имале подобри резултати на задачите на кои биле евалуирани. Сличен бил случајот и со оние што решавале загатки со броеви, како судоку.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука