Соочувањето со психопат може да биде тешка задача. Психопатијата не ја прави баш лесна јасната и чесна комуникација, но не треба да биде синоним за зло, опасност или насилство. Има клучна разлика во мозоците на психопатите која можете да ја разберете повеќе отколку што очекувате.
Лесно е да паднете во замка и да зборувате за психопатите дека се опасни и ужасни луѓе. Но, едниот начин на кој нивните мозоци се разликуваат од оние на психопатите е тоа што тие ги преценуваат моменталните награди. Студија објавена во 2017 година укажува дека додека вашиот мозок може да размислува за идните последици од брзите одлуки, мозоците на психопатите не размислуваат за реперкусиите.
- Со години бевме фокусирани на идејата дека психопатите се луѓе што не можат да генерираат емоции и затоа ги прават сите тие ужасни нешта. Но, она за што се грижиме кај психопатите не се чувствата што тие ги имаат или ги немаат, туку изборите што ги прават. Психопатите вршат криминал, кој е штетен за жртвите и за општеството. И иако психопатите често се претставени како ладнокрвни, ние покажуваме дека нивните емотивни дефицити можеби не се примарниот водач на овие лоши избори - вели Џошуа Бакхолц, автор на студијата и доцент по психологија на „Харвард“.
Фото: Pexels
За да ја направат студијата, Бакхолц и неговиот тим направиле тест за одложено задоволство на кој требало да одговорат 49 затвореници. Тимот ги проучувал резултатите од скенирањата на мозоците на затворениците додека тие ги носеле одлуките. Затворениците имале две опции: да добијат помала сума пари веднаш или да добијат поголема сума пари, но подоцна. Тимот утврдил дека оние лица што имале високи резултати за психопатија покажале помала активност во мозочниот регион наречен вентрален стриатум, кој е познато дека е вклучен во оценувањето на субјективните награди. Тие пронашле дека оние што имале високи резултати за психопатија имале послаби конекции меѓу вентралниот стриатум и другите делови од мозокот вклучени во донесувањето одлуки. Во основа, оваа слаба врска им отежнува на овие луѓе да ги предвидат последиците од нивните сегашни дејствија.
Бакхолц сака да го отстрани
впечатокот за психопатите како бездушни чудовишта и верува дека резултатите од студијата го поддржуваат неговиот случај.
- Тие не се вонземјани, тие се луѓе што носат лоши одлуки. Истиот вид кратковидо и импулсивно носење одлуки кое го гледаме кај психопатите се забележува и кај компулсивните прејадувачи и кај зависниците од супстанции - вели тој.