X
 06.08.2016 Наука

Научниците измислија начин како да го следат вашиот мозок

мозок

 

Научната фантастика во која нашиот мозок преку жици е поврзан со компјутерите е веќе застарена.


Сега, безжичните импланти, помали од зрно ориз, може да служат како „нервна прашина“ кои еден ден би можеле да ги стимулираат мозочните клетки. Ваквите истражувања еден ден би можеле да помогнат следната генерација на интерфејс со машина мозок да ја контролира протетиката и роботите и да се излечат болестите на мозокот и телото.

Новите прототипови, создадени од научниците од Универзитетот Калифорнија во Беркли се долги околу 3 милиметри, високи 1 милиметар и со дебелина од 4/5 милиметри. Секоја нервна прашина поседува пиезоелектричен кристал кој може да ја конвертира механичката енергија од ултразвучни пулсеви кои се емитуваат надвор од телото во електрична енергија.

Пиезоелектричните сигнали одразуваат некои од новите ултразвучни импулси. Додатоците за електроника во нервната прашина може да ги промени импулсите и така може безжично да пренесува податоци кои ги собира. Во експериментите со глувци, истражувачите открија дека нервните прашини вградени во нервите и мускулните влакна на ногата можат да снимат и да пренесуваат електрични податоци.

„На почеток бев скептичен поради концептот, меѓутоа сфатив дека е навистина елегантен пристап и функционира одлично“, вели Даг Вебер, биоинженер и невролог на „DARPA“ кој помогна да се финансира истражувањето.

Истражувачите сакале да создадат безжични импланти за да избегнат иритирање на телото. Конвенционалните импланти кои ги поврзуваат со нервите во голема мера се потпираат на жици кои можат да го разгорат ткивото со текот на времето.

 

mozok


Научниците претходно истражувале користејќи радио бранови за да комуницираат со нервната прашина. Сепак, радио брановите не се добри затоа што не достигнуваат длабоко во телото, додека ултразвучните слики откриваат дека ултразвучните пулсеви многу подобро продираат во меките ткива.

„Оваа технологија менува се' што е возможно во однос на стимулирањето на нервната активност, особено нервите длабоко во внатрешноста на телото“, вели Вебер.

Експериментите со нервните прашини досега го вклучуваа само периферниот нервен систем, поврзан со екстремитетите и органите, но не и централниот нервен систем кој се состои од мозокот и 'рбетниот мозок.

Научниците сакаат да ги вметнат нервните прашини токму во мозокот и 'рбетниот мозок меѓутоа предизвикот со кој треба да се соочат е тоа што ултразвукот не поминува преку коската. „Тоа ги зголемува предизвиците ако сакате да создадете интерфејс со мозок-машина. Не велам дека не е возможно“, вели Вебер.

Истражувачите моментално работат на намалување на прашината како и на откривање на биокомпатибилни материјали кои ќе можат да ги спакуваат за да траат подолго во телото и да вклучат и други сензори во нив. На крајот овие прашини ќе можат да се најдат во употреба насекаде во телото, а не само во нервниот систем. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука