Студирањето во странство е одличен начин за излегување од зоната на удобноста за секој студент. Освен тоа, тоа е животно искуство кое го помниме целиот живот. Студирањето надвор станува се` повеќе популарно насекаде во светот, но сепак не поевтинува.
„
Value Penguin“, истражувачка фирма, неодамна спровела истражување за најскапите и најевтините земји за странските студенти. Истражувањето било спроведено на 48 најпопуларни земји за студирање и била составена конечна листа врз основа на повеќе фактори како сместување, патување, храна, ноќен живот, студентска виза итн.
Најевтините десет држави за странски студенти се:
1. Мексико
2. Индија
3. Гватемала
4. Перу
5. Виетнам
6. Домениканска република
7. Мароко
8. Кенија
9. Бразил
10. Тајланд
Од друга страна, најскапите држави за странски студенти се:
1. Сингапур
2. Швајцарија
3. Норвешка
4. Австралија
5. Ирска
6. Велика Британија
7. Холандија
8. Бахами
9. Данска
10. Нов Зеланд
Истражувањето не ја вклучува САД на ниту една од листите бидејќи истото било спроведено за американските студенти.