Покрај луѓето, културата, храната, пијалаците и природните пејзажи, архитектурата често остава голем впечаток врз патниците особено кога зградите се лесно препознатливи или кога се важен дел од историјата на дестинацијата.
Кои се најубавите градби во секоја земја низ светот?
За да се открие одговорот, зборот „убав/а“ беше пребаруван на „Трип адвајзор“ во 132 земји, со што беше создадена листа со згради со зборот „убав/а“ во рецензиите испратени од корисниците.
Потоа, анализата беше сведена на згради во следните категории: архитектонски згради, цркви и катедрали, владини згради, верски локалитети, историски локалитети и точки на интерес.
Според тоа, беше направена топ-20 глобална листа. Зградите со помалку од 25 рецензии беа исклучени, како и атракциите што служат како видиковец каде што повеќето рецензии се повикуваат на убавиот поглед наспроти самата градба.
Податоците за земјите низ светот се собрани помеѓу декември 2021 година и јануари 2022 година.
Најубавата градба во нашата земја е манастирот „Свети Наум“, изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со свети Наум, соработникот на свети Климент.
Клучни наоди:
- Базиликата Саграда фамилија во Барселона е најубавата градба на светот, со 16.104 споменувања на зборот „убава“ во рецензиите на „Трип адвајсор“.
- Катедралата „Нотр Дам“ во Париз во Франција е втората најубава градба во светот, со 12.931 споменување на зборот „убава“.
- Куќата Билтмор во Ешвил, Северна Каролина, е најубавата градба во САД и трета најубава во светот, со 9.609 споменувања.