X
 06.11.2023 Култура

Филмските експерти тврдат дека ова е најдобриот филм во овој век

Почетокот на 21 век ни донесе некои од најзначајните филмови во историјата на кинематографијата, а дури 200 експерти се согласуваат дека најдобар филм од овој период е психолошкиот трилер „Булеварот на ѕвездите“ (англ. „Mullholland Drive“).

Веб-страницата „Ворлд оф рил“ спроведе анкета во која учествуваа 200 филмски експерти, од критичари и академици до актери и режисери, сите од различни земји.

Меѓу учесниците во анкетата беа и некои од најдобрите критичари на „Веинит фер“, „Вол стрит журнал“, „Варајети“ и слични публикации.

Учесниците во анкетата требаше да направат листа од 5 најдобри филма од почетокот на 21 век, а меѓу 400 споменати филма еден наслов се повторуваше повеќе пати. Станува збор за нео-ноар трилерот на Дејвид Линч од 2001 година, во кој глумеа Лора Елена Харинг и Наоми Вотс.

Филмот започнува така што прикажува девојка која преживеала сообраќајна несреќа, но добила амнезија, па не се сеќава која е. Повредената жена талка по улиците на Лос Анџелес, додека не најде стан каде што одлучува да најде засолниште.

Следниот ден, една млада жена Бети доаѓа во истиот стан. Бети одлучува да ѝ помогне на збунетата жена која ја нарекува Рита, а потоа двете тргнуваат да го откријат вистинскиот идентитет на Рита.

Многу филмофили го сметаат „Булеварот на ѕвездите“ за еден од најдобрите филмови на Линч, а исто така и еден од најдобрите филмови на сите времиња, па не е изненадување што се најде на врвот на оваа листа.

Зад „Булеварот на ѕвездите“ се најде филмот „Ќе има крв“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој загуби со само три гласа. На врвот се најдоа и „Зодијак“ на Дејвид Финчер, „Расположени за љубов“ на режисерот Вонг Кар Ваи и „Нема земја за старци“ во режија на браќата Коен.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура