Зимата официјално започна утрото во 5 часот и 48 минути. Денешниот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Република Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година во 5 часот и 32 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица).
За тоа каква зима не` очекува можете да прочитате
ОВДЕ
Временска прогноза
Во Македонија во вторник во утринските и претпладневните часови по котлините и долините ќе има појава на магла. Во попладневните часови постепено разведрување. Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -6 до 0 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.
Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде магловито и студено. Во попладневните часови со услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени.
Првите зимски денови во Македонија не` очекуваат пролетно-есенски температури, а ќе продолжи сончевото и надпросечно топло време. Во утринските и вечерните часови по котлините и долините ќе има појава на магла, која понекаде ќе ја намали видловоста и до 50 метри. Температурите без некои поголеми отстапувања. Утрата ќе бидат постудени со утрински температури кои ќе се движат во интервал од -6 до 0 степени, а максималните дневни од 6 до 18 степени.
Weather4all.com.mk