X
 23.03.2016 Живот

Прогноза на времето до крајот на неделата



Во Македонија во среда во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со услови за кратки сончеви периоди и ветровито. Попладне нов бран на врнежи кои во источните и југоисточните предели ќе бидат поинтензивни и се очекуваат да наврнат од 20 до 30 литри. Врнежите ќе бидат пропратени со засилен југоисточен и јужен ветер кој ќе достигнува брзина и до 60 км/ч. Утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 19 степени.

Во Скопје во среда претпладне ќе биде умерено облачно со поремени сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Врнежите од дожд во Македонија ќе продолжат и во четврток, но поради северното струење ќе биде и постудено со пад на максималните температури кои ќе се движат од 4 до 13 степени, а над 1200 метри врнежите ќе бидат од снег. Во петок и сабота се очекува стабилизација на времето, ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и доумерен северозападен и североисточен ветер. Во петок максималните температури од 4 до 13 степени, додека пак во сабота тие ќе се движат од 6 до 15 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и потопло со дневни температури од 8 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот