X
 07.05.2016 Наука

Иновативната стратегија на Бразил за борба против зиката

Овој билборд изгледа сосема обично, но тој, всушност, убива комарци кои го носат вирусот зика.


Бразил се обидува да се ослободи од вирусот зика пред Олимпијадата, а последниот обид за тоа се билборди кои мирисаат како луѓето за да привлекуваат комарци. Комарците кои ќе се приближат до билбордите се заробени во замки и продолжуваат да живеат во знакот, неспособни да касаат било кого и со тоа да го шират вирусот.

Билбордите биле дизајнирани со лиценца од „Creative commons“, што значи дека не можат да бидат патентирани и може да се користат и од други градови и земји.

Ова не е единствен билборд кој го привлече вниманието на јавноста. Претходно беше создаден билборд кој обезбедува вода за пиење за изолираните региони во Перу, како и билборд кој го чисти воздухот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука