X
 04.03.2020 Живот

Во Бразил 11 милиони луѓе веруваат дека Земјата е рамна

Две работи се сигурни – дека еден ден ќе починам и дека Земјата е рамна – тоа е ставот на Рикардо, сопственик на ресторан во Сао Пауло, Бразил, каде што се собираат неговите истомисленици. Ним не им пречи кога луѓето им се смеат кога ќе им кажат дека нашата планета е во облик на палачинка.

Се работи за изненадувачки голем клуб. Според испитување на јавното мислење, над 11 милиони Бразилци, а тоа е 7 отсто од населението во оваа држава, веруваат дека Земјата е рамна.

Меѓу попознатите личности во оваа група спаѓаат писателот и новинар Олав де Карваљо и геофизичарот д-р Алфонсо де Васконселос.

Бразилците што веруваат дека Земјата е рамна се претежно мажи, обично католици или протестанти и со релативно ниско ниво на образование.

- Ние сме најпаметни, запишете го тоа - нагласи бизнисменот Андерсон Невес (50), посетител на ресторанот на Рикардо.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот