X
 12.05.2016 Живот

Матурант на оригинален начин ја запроси својата девојка

Минатиот викенд, во Мостар се одржа испраќањето на 371 генерација во Караџоз-беговата медреса. Овој момент во училиштето ќе се помни уште долго време, бидејќи во училишниот ходник матурантот Хасан Чехајиќ ја запроси својата девојка Џенета Ахметспахиќ.

 

zaprosuvanje


Така, матурантот Хасан  и Џенета се свршија пред 40 матуранти и свои соученици. Тие се заедно веќе четири години, а се запознале во Мостар, и прво биле пријатели. На Хасан во прва година му починал татко му, па така Џенета постојано била со него и прва му признала дека е заљубена во него. Тој бил одлучен дека токму на овој ден треба да ја побара за жена.

„Јас и мајка ми после матурата требаше да одиме и да купиме прстен, но сакав Џенета засекогаш да се сеќава дека била побарана за жена на преубав начин, па ѝ реков на мајка ми дека ќе ја изненадам и ќе ја побарам за жена во сабота на Стариот мост за време на прошетката на матурантите во пресрет на матурата. Сите се спремивме и требаше да тргнеме, а тогаш започна да врне. Си реков ако не биде на мостот, ќе биде на друго место“, вели Хасан.

Дел од неговите соученици знаеле дека Хасан ќе ја побара Џенета, меѓутоа таа воопшто не знаела, со што останала шокирана, но на крај сепак рекла да. Како се одвиваше запросувањето можете да погледнете на видеото подолу.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот