X
 23.10.2018 Технологија

10-годишно девојче кое кодира го привлече вниманието на „Гугл“ и „Мајкрософт“

Самаира Мехта е 10-годишно девојче кое расте во Силициумската долина, која го привлече вниманието на големите компании како „Гугл“ и „Мајкрософт“ поради нејзината работа како програмер.

Таа е основач и извршен директор на компанијата наречена „Кодер Баниз“, и која ѝ заработила национални медиумски признанија поради нејзиниот успех на речиси десетина конференции во Силициумската долина.

Сѐ започнало кога таа имала само 8 години и создала игра наречена „Кодер Баниз“ за да им помогне на другите деца да научат како да кодираат. Таа кодирала уште од нејзината шеста година.

Откако ја создала играта, Мехта ја освоила втората награда од „Тинк Тенк“ натпреварот „Питчфест“ во 2016 година, заедно со 2.500 долари.

Ова го привлекло вниманието на официјални лица од „Картун Нетворк“ кои сакале да прикажат инспиративни млади девојки како вистински „Пауерпаф гирлс“. Таа била прикажана во едно од нивните видеа.

kodiranje
Фото: Coder Bunnyz


Кога ја лансирала играта, таа исто така дошла до идеја за одличен маркетинг план со помош на нејзиниот татко, Ракеш Мехта (инеженр во „Интел“).

Таа ја лансирала иницијативата наречена „Да, 1 милијарда деца можат да кодираат“ што им овозможува на луѓето да донираат кутии игри за училиштата. Потоа таа создала работилници за да им помогне на децата во тие училишта да научат да кодираат.

-Во светот постојат над милијарда деца. Постојат луѓе кои се подготвени да донираат „Кодер Баниз“ кутии на училиштата и на луѓето што им се потребни низ целиот свет и кои сакаат да научат кодирање - вели Мехта.

СО „Кодер Миндз“, децата можат да научат основни принципи на вештачката интелигенција - концепти како обучување на модел на вештачката интелигенција, заклучување и учење. На крај, тие ќе можат да ги искористат овие вештини за да изградат роботи. Таа го развила со помош на нејзиниот брат Адит, кој има шест години.

Како што играта станувала популарна, така Мехта била резервирана за работилници. Има направено околу 60 работилници во Силициумската долина со повеќе од 2.000 деца.

Компанијата „Гугл“ беше импресионирана од Мехта, па била избрана за главен говорник на конференцијата „Разновидност во технологијата“ одржана во август во „Гугл ланчпад“, акцелератор на „Гугл“ во Сан Франциско.

Мехта неодамна лансира сопствени интервјуа за нејзината веб-страница „Кодер Баниз“ во кои разговара со луѓе од полето на роботиката, видео игрите и секторите во образование.

Таа ги реинвестира нејзините пари од нејзиниот бизнис за производство на „Кодер Баниз“ игри и создавање на нова игра со вештачката интелигенција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија