„Никој не излегува од животот жив, затоа бидете одлични, грациозни и благодарни за можностите кои ви се даваат.“
Ова е Џејк Бејли, 18-годишен средношколец кој штотуку матурирал на училиште во Нов Зеланд. Тој требало да одржи говор на голема церемонија за доделување награди, но открил дека има агресивна форма на рак и дека ќе умре доколку не биде третиран за неколку недели.
Докторите му кажале и дека нема да биде присутен на говорот, но Џејк успеал да излезе од болничкиот кревет за да го одржи напишаниот говор. Неговиот говор досега бил прегледан илјадници пати. Во него, тој ги охрабрува своите соученици да живеат во моментот и да бидат „микро-амбициозни“.
„Заборавете на долготрајните соништа. Ајде страствено да се посветиме на остварување на краткотрајните цели“, вели тој.
Целиот говор погледнете го во видеото.