За имињата на преубавите грчки острови најзаслужна е митологијата, а некои острови имаат имиња инспирирани од историски ликови и географски карактеристики.
Кефалонија
Кефалонија го добила името по херојот Кефалос, атински водач, син на Дионис Кефалос бил прогонет од Атина поради убиство и се преселил на овој остров.
Хиос
Островот Хиос го добил името по Хиона, ќерката на Посејдон. Хиона во превод значи снег, а на денот кога била родена, на островот паѓал снег. По тоа го добила и името, а потоа и островот бил именуван по неа. Според легендата, островот бил пуст кога пристигнал Посејдон, а станал плоден откако паднал снегот.
Самос
Самос е назив изведен од микенските зборови сами или самос, а значи висина или рид покрај брег. Самос го потврдува своето име бидејќи на островот има многу висини и ридови.
Лефкада
Популарната Лефкада го добила името од Хомер, кој ја нарекол така според грчката збор лефкас (бело), а островот е познат по белите карпи.
Кос
Островот Кос своето име го добил од грчкиот збор кофос, што значи пештера. Овој остров е познат по многубројните пештери.
Тинос
Тинос е име добиено од грчкиот збор танаос, што значи долго, а тоа совршено го опишува обликот на овој остров.
Аморгос
Овој остров бил именуван според растението аморги, која била користена за производство на ткаенини од страна на древните Грци.
Закинтос
Ова име го носел синот на кралот Дарданос од Троја. По завршувањето на тројанската експедиција, Закинтос се преселил на овој остров со своите луѓе.
Скијатос
Името било добиено од зборот скиа (сенка). На овој остров има многу зеленило што создава сенки, но постои и теорија дека ова име е одбрано бидејќи островот се наоѓа во сенка на планината Атос.
Икарија
Островот бил именуван според Икар, кој обидувајќи се да лета со крилјата направени од восок паднал во морето. Брановите го исфрлиле на овој остров.
Крит
Крит во превод значи моќен, силен, а ова име било избрано затоа што Крит имал најголема морнарица.