Во пресрет на Светскиот ден против пушењето - 31 Мај, островот Серифос донел одлука плажата Ваја од ова лето да стане плажа каде што ќе биде забрането да се пуши. Ова ја прави прва плажа во Грција што го забранува тоа. Исто така, одлуката е донесена во согласност со програмата за заштита на животна средина „Сичејнџ Грик Ајландс“ што ја организираат десетте острови Киклади.
Во текот на чистењето на брегот во последнава деценија најголемиот дел од морскиот отпадок го сочинувале догорчињата, а најлоша била ситуацијата на рајскиот остров Серифос.
Плажата Ваја ќе има дел на кој ќе може да се пуши, но во строго контролирани услови.
- Догорчињата се еден од најчестите загадувачи на брегот на Кикладите, а Серифос се покажа како место со најмногу ѓубре од ваков вид. Одлуката да ја заштитиме плажата Ваја треба да предизвика подигнување на свеста, но и превенција на загадување на морето. За разлика од останатите морски отпадоци, морето не ги исфрла
догорчињата, туку засекогаш остануваат во него - вели д-р Ангелики Космополу, извршна директорка на Фондацијата за општо добро „Атанасиос К. Ласкаридис“.