Фото: Reuters
Во Атина повторно алармантна ситуација: во поштата пронајдени осум пратки со експлозив кои биле адресирани на меѓународните финансиски ситуации. Дали се појави нова генерација на терористи?
Експертите за безбедност на грчката полиција во понеделникот доцна вечерта ги деактивирале бомбите и ги испратиле на криминалистичка обработка во специјална лабораторија. Писмата биле адресирани до шефот на еврозоната, директорот на Европскиот механизам за стабилност и до некои меѓународни финансиски институции. Анализите ќе потраат одредено време бидејќи полицијата бара отпечатоци од прстите и ДНК материјал кој одговара. Пратките со експлозив бил од ист тип како бомбата во писмо откриена во средата, и испратена до Министерството за финансии во Берлин. Слична пратка стигнала наредниот ден во седиштето на Меѓународниот монетарен фонд во Париз. Била повредена една службеничка од ММФ за време на отворањето на пратката, а францускиот претседател Франсоа Оланд го осуди како атентат. Испраќачот е терористичката група „Заговор на огнените ќелии“ кои од 2008 година се заканува со напади.
Се сметало дека терористичката група била поразена, откако изминатите години биле фатени 60 нејзини членови и симпатизери. Во меѓувреме нападите во име на „Огнени ќелии“ повторно се изведуваат и ги има повеќе. Во октомври 2016 година групата поставила бомба во куќата на еден судија и со тоа го означила почетокот на планот „Немезис“, именуван по божицата на одмаздата од грчката митологија.
„Треба да се почека за сторителот да преземе одговорност, за да дојдеме до информации за начинот на дејствување и нови потенцијални цели на нападот“, вели Мери Боси, професорка по меѓународна безбедност на Универзитетот во Пиреја. Во Грција пристигна нова генерација на терористи спремни за насилство. Тие дополнително се засилени со очајот на луѓето поради економската криза. Тоа е разликата во однос на екстремно-левичарската терористичка организација „17 ноември“ која помеѓу 1975 и 2000 година во Грција убила 23 луѓе, а која била уништена дури во 2001 година.
„Метата на таа терористичка организација беше владејачката класа. Но, една нова терористичка група смета дека ни обичните граѓани не се невини, бидејќи излегуваат на избори, не преземаат ништо, прават договор со државата и не се осмелуваат да се подигнат на востание“, вели експертот за тероризам Мери Боси.
Грчката полиција успеа да им го зададе последниот удар на терористите во 2014 година, кога во Атина бил уапсен топ-терористот Нико Мазиотис. Неговата група „Револуционерна борба“ учествувала во нападот на резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина во 2013 година.
Мери Боси критикува што сите медиуми, без разлика дали се грчки или странски, терористите ги нарекуваат „екстремни левичари“. Овие групи имаат расчистено со марксизмот и ленинизмот, тие категорично се дистанцират дури и од левичарските идеи и се колнат на верност на анархизмот.
Тешко е да се каже какво влијание врз нив имаат теоретичарите на анархизмот. „Нивните досегашни писма во кои ја признале одговорноста на нападите, укажува на тоа дека имаат површно познавање и не ја разбираат идеолошката позадина на
анархизмот. Може да се каже дека потпаднале на популизмот. Во Грција никогаш не постоела школа на мислители кои се занимавале со анархизмот, за разлика од Германија или Франција“.
Експертот за борба против тероризмот укажува на тоа дека самопрогласената грчка група „градска герила“ е во блиска соработка со своите колеги во светот: во Европа, Русија и Латинска Америка.
Првите реакции на писмото бомба испратено во Берлин, грчкиот министер за заштита Никос Тоскас се обиде да ја смири ситуацијата. „Во пакетот имаше мала количина на експлозив“, изјави тој.
Гротескно е што како испраќач на пакетот се наведува конзервативниот политичар Адонис Георгиадис, поранешен министер за здравство кој сега продава книги со патриотска содржина и лично е омилена мета на екстремистите.