X
 16.05.2016 Живот

Половина од вашите пријатели не ве сметаат за пријател

Имаме една интересна задача: Издвојте минута за да ги изброите вашите пријатели. Не само најблиските, туку и оние со кои сте се виделе неодамна, односно секој човек за кого сметате дека ви е пријател. Откако ќе добиете цифра, поделете ја со два. Овој краен резултат, односно помалиот број, можеби е поточен.


Имено, излегува дека луѓето не проценуваат правилно кога станува збор за нивните пријатели. Истражување објавено во „PLoS One“ неодамна покажа дека дури половина од луѓето кои ги сметаме за пријатели не се чувствуваат исто кон нас.

Авторите на истражувањето спровеле анкета на 84 студенти во иста група за пријателите околу нив. Учесниците напишале и претпоставки за лицата кои мислат дека ќе ги одберат нив како пријатели. На крај, истражувачите собрале 1.353 случаи на пријателство. Во 94%, претпоставките на студентите дека некој пријател ќе ги одбере нив за пријател биле точно.

Но, во само 53% од случаите, пријателствата биле возвратени. Сепак, истражувањето било мало и сите испитаници биле студенти. Пријателствата се менуваат со текот на времето.

Меѓутоа, авторите на истражувањето погледнале и неколку претходни анкети за пријателствата и откриле слични резултати.

Никој не сака да мисли дека тој/таа е оној/онаа надвор од групата, зарем не?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот