1. Луѓе што се однесуваат поинаку со вас
Еден ден тие ќе се однесуваат со вас како да сте нивна сродна душа, а другиот ден ќе ве третираат како да сте невидливи и нема да ви кажат зошто.
Опкружете се со луѓе што ќе ги ценат најдобрите квалитети кај вас.
2. Луѓе што се однесуваат различно со вас отколку со нивните пријатели
Кога ќе ве видат, тие ве поздравуваат без насмевка, не се толку желни за да започнат разговор со вас и во основа се однесуваат како да немаат време за вас. Но кога ќе ги видат нивните други пријатели, тие стануваат сосема поинакви личности.
3. Луѓе што не знаат како да бидат благодарни
Правите нешто убаво за нив и тие не ви се заблагодаруваат. Се однесуваат кон вас како да не сте направиле ништо посебно и не ја ценат вашата великодушност.
4. Луѓе што не враќаат
Луѓето што не знаат како да бидат благодарни обично не знаат ни како да враќаат. Вие ги помните нивните родендени и им купувате подароци, но кога ќе дојде вашиот, не добивате ни среќен роденден.
5. Луѓе што прават да се чувствувате како да морате да ги импресионирате
Ако се чувствувате дека постојано морате да ги импресионирате вашите пријатели, тогаш тие не се вашите вистински пријатели. Тие прават да се чувствувате како да сте инфериорни во однос на нив.
6. Луѓе што само ви пишуваат/се јавуваат тогаш кога нешто им треба
Ве контактираат само за да кажат дека им е потребна помош. Во нивните пораки нема ниту поздрав ниту како си, туку веднаш директно прашуваат за она што им треба.