X
 16.05.2016 Образование

Приемни испити: да или не?

Приемен испит на сите факултети низ Македонија, звучи страшно нели? Но, време е навистина да се обрне внимание на оваа тема и да се дискутира потребата од ваквиот испит.


 Можеби приемниот испит би решил многу проблеми во високото образование, од типот на премногу запишани студени во прва година и заштедување на време на студентите, особено на техничките факултети, кои после првата година од студиите се откажуваат бидејќи не сметале дека факултетот носи толкава тежина. Или пак, од друга страна, тоа би ги спречило оние ученици кои можеби немаат големо предзнаење од одбраната област, но имаат желба да го студираат тоа, и секако не постои гаранција дека токму поради тоа нема да успеат. Она што е сигурно е дека со приемните испити високото образнование ќе добие на многу поголема сериозност во очите на средношколците.

Токму на оваа тема се дикутираше на 11ти мај (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на ФЕИТ каде што беше одржана дебата на тема „Приемен испит на ФИНКИ: Да или Не?“ по иницијатива на четворица студенти од ФИНКИ. Во овие час и половина се дебатираше околу потребата од воведување на приемен испит, па така, и студентите и професорите ја имаа можноста да го искажат своето мислење на оваа тема и да се чујат аргументите и на двете спротивставени страни.Исто така се зборуваше дали ваквиот испит ќе донесе некакви промени и кои би биле тие, како и дали е потребно да се прави класификација на студентите при упис од ваков вид, или доволна е класификацијата направена со матурскиот испит.Доведена беше во прашање и тезата квалитет наспроти квантитет, односно дали воведувањето на приемниот испит и намалувањето на запишани студенти во прва година ќе доведе до организирање на поквалитетна настава и кадар.

Кон крајот беше доведен заклучокот дека воведувањето на приемниот испит нема да доведе до решавање на сите постоечки проблеми, но дека голем дел од нив потекнуваат од многу порано, односно од основното и средното образование.Оваа дебата отвори и други клучни прашања и беше оставен простор за нивно понатамошно дискутирање во некоја наредна ваква прилика. Настаните од ваков тип се од големо значење за сите засегнати страни, бидејќи постои можност за отворена дискусија помеѓу професорите и студентите за теми од клучно значење,со тоа што секој ја добива можноста да биде чуен неговиот глас, и да има удел во заедничкото градење на нашата иднина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование