X
 12.07.2017 Живот

По еден век дебата германскиот јазик доби нова буква

На крајот од јуни Германскиот совет за спелување донел одлука да се додаде буквата „ß (Eszett)“ во јазикот, ставајќи ѝ крај на дебатата што се одвива во земјата уште од 19 век.

фото извор: DPA

Конзервативците одбиваат да ја прифатат оваа промена, но од Германскиот совет за спелување сметаат дека одлуката е правилна и сега е можно да се прави разлика помеѓу имињата спелувани со дупло „s“ и оние со новата буква „ß“.

„Eszett“ постои само во германскиот јазик и никогаш не била почетна буква, односно „ß“ никогаш не се појавува на почетокот од зборот. Дебати за оваа буква се одвивале уште многу порано, особено помеѓу писателите и лингвистите. Во 1996 година било усвоено правилото буквата да не се појавува пред кратка самогласка.

На пример, зборот „daß“ се менувал во „dass“. Но се отворила дебата и за тоа дали спелувањето да се промени од „Fuß“ во „Fuss“.

Германскиот совет за спелување бил создаден за да најде компромис и решенија за ваквите лингвистички проблеми во земјата. Исто така, неговите членови донеле одлука за забрана на „германизирање“ на одредени странски зборови при пишувањето. Па така, на пример, зборот „Joga“ е забранет, па дозволено е да се пишува само „Yoga“, или пак не е дозволена употреба на „Ketschup“, туку само на „Ketchup“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот