X
 19.11.2017 Живот

Како изгледа да се живее на -60 степени Целизусови?

15 годишниот Ајал е последен од неговите браќа и сестри кој сè уште живее со својата мајка во малото село Веркхојанск, на исток во Русија, каде водата за пиење се чува во коцки мраз, металните очила во зима стануваат опасни, батериите траат неколку минути и каде официјално е забележан најголемиот температурен опсег од 105 степени Целзиусови.

За неколку месеци, Ајал ќе замине кај своите браќа и сестри во Јакутск, оддалечен 600 километри.

И покрај тоа што Веркхојанск нуди услови за нормален живот, сè повеќе млади луѓе го напуштаат ова место и одат во поголемите градови. Повеќето поради суровата клима.

Мајката на Ајл е разведена, а сите пет деца ги одгледала сама. На масата се наоѓа локален деликатес - строханин.

Веркхојанск за титулата најстудено населено место се бори со Ојмјакон, југоисточно од овој град. Сепак, ова место го држи Гинисовиот рекорд за најголем температурен опсег на Земјата -67.8 степени во текот на зимата и 37.3 степени во текот на летото.

Водата за пиење доаѓа од реката, но не во течна форма, туку се сечат големи коцки мраз. Секој дом има своја залиха од коцки. Течната вода, што се наоѓа во цевките е многу жешка за да го спречи замрзнувањето на цевките, и таа не може да се пие.

Во зима температурата е толку ниска што, на пример, не се користат батерии бидејќи траат само неколку минути, мастилото замрзнува пред да успеете нешто да напишете, а носењето метални очила е опасно.

Локалното население ги остава автомобилите да работат цел ден, плашејќи се дека ако ги изгаснат, нема да можат повторно да ги запалат.

Денес 1.131 човек живее во Верхојанск, само половина од бројот на жители кои живееле таму пред 15 години.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот