Најбрзо се осамостојуваат младите лица на северот од Европа, па така помалку од 20 проценти од Данците се уште живеат со родителите. На врвот на листата се и Финците, Швеѓаните и Норвежаните, според резултати од истражувањето на „Еуростат“.
Во групата земји во кои и натаму повеќе од половината млади лица помеѓу 18 и 34 години се уште живеат со родителите, спаѓаат Словаците (69.6 %), Италијанци (67.3 %), Португалци (62.9 %), Грци (63,8 %) и Полјаци (60.9 %).
Каква е состојбата во регионот ?
На листата објавена од „
Еуростат“ од земјите од регионот спомената е само Србија, каде што 69.5 проценти од младите помеѓу 18 и 34 години се уште живеат со своите родители, што е далеку над порсекот на земјите во Европска Унија кој изнесува 47.9 проценти.
Последните достапни податоци за Хрватска и Македонија датираат од 2014-та година, а според нив дури 70.3 проценти Хрвати и 72.5 проценти Македонци живеат со родителите. Најдобрата статистика во регионот имаат во Бугарија (56.2 %), Романија (59.2 %) и Словенија (60.8 %).
Податоци за Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија нема, иако во 2014-та било спроведено истражување од Friedrich-Ebert-Stiftung (FES), чии резултати покажале дека во БиХ процентот на млади кои живеат со родителите е 67.9.