X
 18.05.2016 Наука

Создадена најдлабоката 3D мапа на универзумот

ајнштајн

 

На 30 јуни 1905 година, Алберт Ајнштајн започна револуција со објавувањето на специјалната теорија за релативноста.


Оваа теорија, помеѓу другото, истакнува дека брзината на светлината во вакуум е иста за сите набљудувачи, без оглед на изворот. Во 1915 година, тој го проследил ова со објавувањето на неговата теорија на релативноста, во која тврдел дека гравитацијата има ефект врз простор-времето.

Повеќе од еден век, овие теории се основна алатка во астрофизиката, и го објаснуваат однесувањето на универзумот во големи размери.

Уште од 90-тите, астрономите се свесни за фактот дека универзумот се шири во забрзана стапка. Во обид да се објасни механиката позади ова, постојат предлози од тоа дека можно е постоење на невидлива енергија (темната енергија) до можноста дека равенките на Ајнштајн за генералниот релативитет би можеле да не функционираат.

Но, благодарение на неодамнешната работа и труд на меѓународниот истражувачки тим, сега е јасно дека Ајнштајн бил во право.

Користејќи го спектографот наречен „Fiber Multi-object Spectograph“ на „Subaru“ телескопот, тимот - предводен од истражувачите од јапонскиот институт за физиката и математиката на универзумот и Универзитетот во Токио ја направија најдлабоката 3D мапа на вселената до денес. Оваа мапа содржи некаде околу 3.000 галаксии и опфаќа голем волумен на просторот мерејќи 13 милијарди светлосни години.

За да ја тестираат теоријата на Ајнштајн, тимот предводен од Д-р Тепеи Окумура, искористил информации добиени од „FastSound“ проектот во текот на изминатите неколку години.

Како дел од нивните напори да го утврдат потеклото на космичкото забрзување, овој проект се потпира на податоците собрани од страна на „Subaru“ телескопот со цел да создадат анкета што го следи црвеното поместување на галаксиите. Од она што било забележано во текот на 40 ноќи (помеѓу 2012 и 2014 година), тимот бил во можност да ја утврди брзината и групирањето на повеќе од 3.000 далечни галаксии како и да го следат проширувањето на овие галаксии до растојание од 13 милијарди светлосни години.

Ова е вистински историски подвиг, со оглед на тоа што претходните 3-D модели на универзумот не биле во можност да стигнат подалеку од 10 милијарди светлосни години.

Потоа тимот ги споредил резултатите од проширувањето предвидено од теоријата на Ајнштајн, особено вклучувањето на неговата космолошка константа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука