Денес е понеделник, 13 февруари 2017 година, 44-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:27, а ќе зајде во 17:08 часот. Денот ќе трае 10
часа и 41 минути.
Новата седмица ја започнуваме со идентична временска состојба со која ја
завршивме минатата, веќе подолго време имаме појава на слаба магла и
претежно облачно време со температури кои се над просекот за овој период
од годината.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која што во одделни
котлини во северозападна и западна Македонија ќе се заджи и претпладне,
додека пак во останатите предели ќе биде претежно облачно и ветровито.
Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер, кој попладне ќе
преминува во североисточен и северозападен ветер. Температурите ќе
бележат благо опаѓање, утринските ќе се движат во интервал од -6 до 3
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 0 односно до 9
степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во
текот на денот ќе биде претежно облачно. Слаб северозападен ветер.
Утринската температура од 3 степени, додека пак максималната дневна до 6
степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник во утринските часови појава на слаба
магла а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност
и потопло време. Максималните температури од 2 до 11 степени. Во
вечерните часови и во текот на ноќта опаѓање на температурите па одлична
можност со љубов и вино да се згреете и прославите и двата празника,
денот на вљубените и денот на винарите. Во среда и четврток по студеното
утро во текот на денот сончево и потопло време. Утринските температури
од -10 до -2 односно од -9 до -1 степен, додека пак максималните дневни
ќе се движат од 5 до 14 степени во среда, односно од 6 до 14 степени во
четврток. Во петок потопло утро со температури од -6 до 0 степени, а во
текот на денот сончево и топло со температури од 8 до 15 степени.