Секој изгледа постар кога сте дете. Луѓето стојат високо над вас и ви делат совети или ве подучуваат за нешто само затоа што имаат повеќе искуство. Во средно, учениците од основно изгледаат како бебиња, а студентите ви изгледаат позрело отколку што навистина се. По факултетот, идеите за младо и старо се мешаат.
Се` уште не сме откриле како може да го сопреме стареењето, но барем може да се тешиме со бројот на постари луѓе од нас. Благодарејќи на еден интерактивен график од Нејтан Јау, тоа може да го направиме веднаш. Запомнете дека се` е до перспективата од која ги гледате работите.
Доколку сакате да видите колку луѓе на светот се постари или помлади од вас, најдете ја вашата возраст на графикот и ќе ви бидат покажани процентите на постари и помлади луѓе од вас. Податоците може да ги гледате и според полот.
Откријте колку луѓе на светот се постари, а колку помлади од вас
ОВДЕ.