Првородените деца имаат 24 % поголеми шанси да работат на врвни позиции, како на пример, извршни директори, во споредба со вторите деца, а за 28 % повеќе од третородените.
Од друга страна, помладите деца почесто се сопственици на сопствен бизнис, покажа истражувањето спроведено од IZA Institute of Labour Economics.
Студијата заклучува дека првородените се емоционално постабилни, поотворени и поодговорни отколку помладите браќа и сестри.
Исто така се покажа дека првородените почесто градат кариери кои се поврзани со петте карактеристики на личноста, како што се совесност, пристојност, емоционална стабилност, екстровертност и отвореност.
Првородените повеќе читаат книги и посветуваат повеќе време на нивните домашни задачи, и помалку гледаат телевизија, додека родителите помалку разговараат за училишните обврски со своите помлади деца. Според добиените резултати, родителите помалку се ангажираат и обрнуваат помалку внимание на нивните помлади деца.