Во 2021 година ракот бил водечка причина за смрт кај мажите и жените помлади од 65 години во ЕУ, според податоците на „Евростат“.
Од сите евидентирани смртни случаи, дури 40,6 отсто од жените и 25,6 отсто од мажите починале од рак во споменатата возрасна група. Другите најчести причини за смрт кај жените под 65 години се заболувањата на крвотокот (14,9 проценти), ковид-19 (10,2 проценти) и респираторните заболувања (4,2 проценти).
Кај мажите, болестите на крвотокот (22 проценти), ковид-19 (9,8 проценти) и несреќите (6,9 проценти) биле главните причини за смрт, по ракот.
Кога станува збор за лица на возраст од 65 и повеќе години, главни причини за смрт кај жените се заболувањата на крвотокот (37,3 проценти), ракот (16,9 проценти), ковид-19 (9,9 проценти) и болестите на респираторниот систем (5,7 проценти).
Кај мажите на возраст од 65 и повеќе години главните причини биле исти, но со различни пропорции. Болестите на крвотокот (31,8 проценти) биле главната причина, потоа ракот (23,3 проценти), ковид-19 (12,0 проценти) и респираторните заболувања (7,3 проценти).
Извор: net.info.hr
Фото: Freepik