X
 31.01.2016 Живот

Работи кои постарите жени би сакале помладите да ги знаат

„Да имав повеќе стари жени околу себе ќе ми беше полесно да се борам со годините кои доаѓаат“ - Маргарет Манинг.

Маргарет Манинг е авторка и основач на онлајн-заедницата „Sixty and me“ на која може да се најдат теми кои ги интересираат сите жени постари од 60 години. Размислувајќи за годините кои минуваат, Маргарет сфатила колку би ѝ било полесно доколку како помлада имала повеќе постари жени околу себе. Поради тоа, таа ги замолила жените во својата заедница да ги споделат своите совети за жените двојно помлади од нив. Советите беа објавени на „Huffington post“, а ние ги преведовме.

„Животот се одвива сега - не е проба за фустан.“

„Останете позитивни и гледајте на добрите работи во секое животно искуство.“

„Концентрирајте се на она што се случува сега и овде.“

„Живејте секој ден со полни гради бидејќи никогаш не знаете што се наоѓа зад аголот.“

„Запомнете, животот може да се промени во момент. Едноставно, бидете свои. Не барајте совршенство.“

„Сакајте ги сите фази од животот. Сите тие се магични.“

„Научете да живеете во моментот. Доколку успеете тоа да го усовршите во младоста, ќе ви помогне во вашите 60-ти.“

„Животот е прекраток за да се грижите што ќе се случи во иднината. Живејте за денес.“

„Излезете надвор и уживајте во природата!“

„Пронајдете хоби или професија која ќе ве води низ сите ваши фази.“

„Бидете тоа што сте. Старејте со достоинство.“

„Прифатете ги промените кои му се случуваат на вашето тело и умот во текот на стареењето.“

„Секогаш останете искрени кон себе... тоа е долг процес на учење, но се исплати.“

„Создавајте спомени, но секогаш чувајте свое посебно место.“

„Вирџинија Вулф била во право - на жената ѝ треба своја соба и 500 долари.“

„Не се загрижувајте за стареењето, загрижете се да не станете досадни.“

„Годините ќе дојдат без оглед дали се плашите или не, затоа - живејте!“

„Живејте едноставно и штедете колку што можете. Вежбајте, учете, читајте и патувајте.“

„Купувајте класична облека - секогаш е во мода.“

„Не фрлајте пари на чевли - мажите не гледаат во вашите нозе.“

„Живејте за сегашноста - не се грижете за стареењето - бидејќи најдоброто допрва доаѓа!“

„Негувајте ги едноставните работи во животот, немојте да комплицирате.“

„Сакајте ги и почитувајте партнерот и децата како што би сакале тие да ве сакаат и почитуваат.“

„Имајте деца кога ќе сакате - никогаш не е совршено време.“

„Фотографирајте многу - ќе ги славите тие фотографии кога луѓето кои ги сакате ќе ги нема.“

„Научете да простувате на млада возраст.“

„Чувајте мал круг на женски пријателки, тоа е многу битно.“

„Ценете го своето семејство. Тоа ќе биде со вас кога никој друг нема. Тие ќе ве поддржуваат во текот на вашите животни патувања.“

„Не губете време грижејќи се за работи кои не може да ги смените туку сменете ги оние кои можете.“

„Излезете од лошата врска - не можете да промените никого.“

„Грижете се за кожата. Смејте се често.“

„Верувајте му на инстинктот и никогаш не зборувајте лошо за себе. Бидете благодарни за секој ден, дури и на лошиот, секогаш постои лекција која може да се научи.“

„Најдете време за себе секој ден и смејте се цело време.“

„Ако имате деца, сакајте ги, но не трудете се да бидете совршена мајка.“

„Дозволете детето да биде ваш учител.“

„Бидете воин, научете да бидете снаодлива и доволна на себеси.“

„Многу битки, впрочем, стануваат полесни со годините.“

„Немојте никому да дозволите да ви каже дека сте престари или премлади за било што!“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот