Том Ендерс, шефот на познатата воздухопловна компанија „Airbus“, ја најави нивната најнова иновација - првиот 3D печатен мотор, произведен од германската подружница „APWorks“.
Е-моторот тежи само 35 килограми со што е 30% полесен од другите електрични мотори и има 6 киловати мотор, и шуплив изглед на рамката за да помогне во намалување на неговата тежина.
„Комплексот и шупливата структура не би можеле да бидат произведени со користење на конвенционални технологии за производство како што е заварувањето“, изјави Јоаким Зетлер, главен извршен директор на „APWorks“. Тој потврдува дека единствено 3D печатењето овозможило да се произведе таа специјална рамка.