X
 27.11.2016 Технологија

Нов 3Д атлас за подетално набљудување на ембрионите

На група научници од Холандија им биле потребни 45 илјади часа за да произведат дигитални модели. Развојот на човечкиот ембрион откриен е во досега незабележано ниво на детали во интерактивниот тридимензионален атлас достапен на сите на одредена страница. 


Со овој атлас се овозможува увид во процесот на формирање на човекот во првите осум недели. Научниците сметаат дека многу описи на ембрионот кои се темелат на децениски набљудувања, често содржат детали извлечени од истражувања на ембриони д глувци или пилиња. Од друга страна, новото истражување, кое е објавено во списанието Science, научниците ќе понудат шанса за истражување на промените кои се случуваат во текот на првите недели од животот на повеќе различни ембриони.

Со ова, ќе можат да ја разберат повеќе човечката ембриологија, а потоа да разјаснат како се појавуваат вродени дефекти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија