X
 25.05.2016 Наука

Како да откриете дали вашето дете е психопат?

дете

 

Бесчувствителните и не-емоционални особини (Callous and unemotional traits - CU) поврзани со психопатијата кај возрасните, сега можат да се откријат и кај малите деца и бебињата, покажуваат најновите истражувања.


Индикации за психопатски карактеристики можат со сигурност да се забележат кај децата најрано на три годишна возраст, овозможувајќи им на децата со ризик да станат антисоцијални порано да бидат изложени на третмани.

Д-р Ева Кимонис, психолог од Универзитетот во Нов Јужен Велс (UNSW), го предводела меѓународниот истражувачки тим. Истражувачите користеле нова алатка направена од прашалници за наставниците и родителите и компјутерски програми специјално дизајнирани за младите деца, со цел да оценат повеќе од 200 деца на возраст од 3 до 6 години со вакви CU особини.

Резултатите, објавени во „Journal of Abnormal Child Psychology“ откри дека 10% од децата покажале знаци од овие особини вклучувајќи недостаток на емпатија, љубов и грижа на совест.

Овој тип на тестирање претходно се покажал како ефикасен во оценувањето на постарите деца и тинејџерите. Новиот метод го искомбинирал прашалникот со други тестови за да се осигура дека е валиден за помлади испитаници.

„Откривме дека децата на предучилишна возраст кај кои се појавуваат пречки во развојот на совеста не можат добро да ги  обработат емоциите, слично на она што го пронајдовме кај адолесцентите и возрасните популации со истите проблеми. Овие деца не можеа да ги препознаат емоционалните изрази на другите луѓе, а сликите на кои има потресни ситуации не го привлече нивното внимание, како што го привлече кај децата со обичен развој на возраст од 3 години“, вели таа.

Овој тип на тестирање може да е клуч за оценување на деца со висок ризик од рана возраст. Сепак, целта не е да се лекуваат децата преку фармаколошки интервенции, туку да се охрабруваат да развија подобри емоционални  вештини.

„Ние ги учиме родителите како да бидат топли, и да покажуваат љубов кон нив за да видиме дали ќе се намалат лошите карактеристики со текот на времето“, вели Д-р Кимонис.

Психолозите планираат во идните истражувања да покажат дали овие особини ќе бидат стабилни додека децата стигнат до зрелост.

Психолозите на Кралскиот колеџ во Лондон неодамна објави истражување во „Biological Psychiatry“ магазинот во кој тие користеле тестови за да го идентификуваат антисоцијалното однесување дури и кај помалите деца.

Истражувачите ги следеле визуелните опции на бебиња стари пет недели за да видат дали тие повеќе сакаат да гледаат во црвена топка отколку во човечко лице. Кога бебињата стигнале на две годишна возраст, тие биле тестирани за CU особини.

Истражувањето искористи сличен прашалник како истражувањето „UNSW“ со кое ги прашуваше родителите за пример ако нивното дете било загрижено за чувствата на другите луѓе, ако било себично или споделувало, злобно кон животните или ако се чувствувало виновно кога ќе направело нешто погрешно.

Резултатите откриле дека бебињата кои покажале предност за интеракција со предмет отколку со личност имале поголеми шанси да имаат CU особини како деца, потенцијален перкурсор за тешко антисоцијално однесување во подоцнежните фази на животот. Исто така, било забележано дека визуелната предност за предмети исто така може да е индикатор за болести како аутизам.

„Дури и кога бебето има пет недели, тоа е веќе индивидуалец со сопствени преференци, способности и емоционални стилови“, вели главниот автор на истражувањето Д-р Рејчел Бедфорд.

Истражувањето исто така открива дека родителите кои ги поддржуваат своите деца и кои се топли значително ги намалиле шансите бебињата да развија проблематични особини. Долгорочно ова би можело да помогне во разбирањето како родителите промовираат здрав емоционален развој кај децата, вели Д-р Бедфорд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука