Всушност, има.
Имено, секој леб од квасец содржи одредена количина алкохол. Тестото што ќе нарасте има специфичен мирис. И тој сладок мирис на свежо печен леб и нотите на Маилардовата реакција (хемиско соединение што е создадено при загревање и предизвикува процеси помеѓу аминокиселините и шеќерите)? Тоа е алкохол.
Но, за време на печењето најголемиот дел од алкохолот од тестото испарува. Тоа во основа е истото што се случува и со водата во тестото.
Пивскиот квасец го претвора шеќерот во етанол и јаглероден диоксид и на температура од 5 степени, производството на гас се зголемува експоненцијално со зголемувањето на температурата до 38 степени, а при температура од 40 почнува полека да исчезнува.
Но, одамна е познато дека лебот содржи остаток од алкохол - до 1,9 отсто. Во текот на 20-тите години Американското хемиско друштво дури имало и неколку пријави за тоа.
Исто така, алкохолот може да се почувствува и во густите парчиња недоволно
печен леб (што ви препорачуваме да не го јадете).