Нуспроизводите од пиво ќе бидат претворени во обновливи горива по напредокот на едно универзитетско истражување.
Овие остатоци може да се претворат во јаглерод и да се искористат за греење на домовите во зима или како јаглен за скара во текот на летото, покажуваат резултатите од тестот. Овие остатоци може да се користат и за филтрација на вода во земјите во развој.
Пиварниците во Европската Унија фрлаат околу 3,4 милиони тони неискористени гранули секоја година, што е еквивалентно на тежината на 500.000 слона.
Со користење на еден килограм од овие гранули, доктор Ахемд Осман од Школата за хемија и хемиско инженерство на Универзитетот во Белфаст направил доволно јаглерод за да покрие 100 фудбалски игралишта.
Фото: N.N.
Тој објасни дека новиот метод на термичка и хемиска обработка на овие нуспроизводи не чини многу. Резултатот е форма на течен јаглерод што моментално се увезува во Велика Британија од Блискиот Исток или пелети што се увезуваат од САД.
- Постои реална побарувачка за јаглерод низ целата планета затоа што се користи како гориво во домаќинствата, за делови од филтри за вода и како јаглен за скара - вели овој научник и додаде дека планетата може да има корист ако нешто што е предвидено за отпад се претвори во корисно биогориво.
Тој планира да ги истражува
можностите за комерцијализација на методот за производство на опишаните форми на јаглерод.