X
 27.05.2016 Образование

Ријана претстави програма за стипендирање студенти


Познатата пејачка Ријана има нов проект, но тој не е поврзан со албуми или турнеи. Се работи за програма за стипендирање за меѓународни и американски студенти кои студираат на факултет во САД. Таа објави месецов дека ќе започне со програмата за стипендирање преку нејзината организација „Clara Lionel“.

- Да се може да се подари образование, всушност, е чест. Високото образование помага во добивањето перспектива, можности и учење за оние кои го заслужуваат тоа. Восхитена сум што ќе го правам ова - изјавила Ријана за „USA today college“.

Стипендиите ќе се доделуваат на оние студенти кои имаат најголема потреба, а истите ќе изнесуваат 5.000-50.000 долари и ќе може да бидат продолжени до 3 години.

Единствениот услов за кандидатите е тие да бидат примени на додипломска програма на акредитиран четиригодишен колеџ или универзитет за 2016-17 година и да се жители на Барбадос, Бразил, Куба, Хаити, Гвајана, Јамајка или САД.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование