X
 29.05.2016 Технологија

Вашата фотографија на профилот открива податоци за кои не сте свесни

Профилната фотографија која ја имате на Фејсбук открива многу повеќе за вас отколку што мислите.

 

профил


Новото истражување открива дека само врз основа на оваа фотографија може да се заклучат бројни информации за една личност. Преку овие информации потоа можете да процените една личност, предупредуваат научниците.

Истражувањето опфатило околу 10.000 профилни фотографии на Твитер, а мислењето за една личност се формирало врз основа на нивните профилни фотографии. Истражувањето покажало дека разликите во фотографиите всушност ја покажуваат и разликата во личноста и врз основа на тоа едноставно би можело да се заклучи каква е една личност.

Повеќето забелешки на научниците и тоа како имаат смисла и покажуваат дека нашите фотографии ги прикажуваат и оние делови од личноста за кои ние не сме свесни. Исто така се покажало дека отворените и комуникативните луѓе почесто на профилните фотографии имаат и други луѓе. Освен тоа, отворените луѓе ставаат појасни фотографии од себе, со што пошарени и повесели бои.

Но, она што изненадува е фактот дека невротичните луѓе не го покажуваат своето лице на фотографиите, а доколку го прикажат тоа ќе биде во придружба на уште некои предмети на фотографиите, како на пример чаша, наочари или било каков друг предмет од стакло. Освен тоа, доколку е прикажано лицето на невротичната личност, тоа ќе биде поголемо од останатите.

Научниците се уверени дека нивната метода на предвидување на личноста е доста точна и може да се користи наместо долготрајната метода на истражување на нечиј онлајн идентитет. Затоа, внимавајте какви пораки испраќате со вашата фотографија, доколку не сакате луѓето погрешно да ве сфатат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија