Конечно пристигнува долгоочекуваната промена на „Twitter“, која на многумина ќе им го олесни „твитањето“.
Имено, во објавите од 140 знаци повеќе нема да се вбројуваат и споделените линкови или фотографии. Промената би требало да биде овозможена во следните неколку недели. Тоа можеби не изгледа како голем напредок, но за многу корисници на социјалната мрежа ќе го олесни „твитањето“.
Имено, споделените линкови на „Twitter“ заземаат и до 23 знаци, што е многу доколку се земе предвид дека самите објави дозволуваат најмногу 140 знаци.
Инаку, претходно се појавија претпоставки дека „Twitter“ би можел да го отстрани ограничувањето од 140 знаци, но изгледа дека тоа нема да се случи. Имено, бројни корисници се противеле на ова, тврдејќи дека тоа е токму она по што „Twitter“ се разликува од останатите социјални мрежи.
Извршниот директор Џек Дорси ветил дека тоа нема да се случи.